Малечката Нини

Die kleine Nini

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 206
Година на издание: 2017
Цена: 250МКД

Возбудлива, искрена и многу смешна книга (која може да се чита и гласно) за деца од 8 до 80 години.

По читањето на оваа книга, возрасните може да гледаат на светот со нови очи, а децата ќе ги сакаат авантурите на Малечката Нини, со својата непогрешлива смисла за комичното, за она што е вистина и што е лага.

„Тогаш, што е таа? Католик, протестант или вегетаријанка? И каде е Бог, во секој случај?“

Ова се некои од прашањата на малечката Нини за животот и за светот. И таа е шокирана од тоа колку скапо може да биде едно морско прасе или од фактот дека мајка ѝ излегува со таен агент.

Нејзиниот мал свет е полн со авантури! Но, Нини има многу идеи и неколку тајни, ја користи секоја шанса, смело се справува со сè што ќе се најде пред неа и си го наоѓа патот низ секојдневниот живот со голема остроумност и со хумор. Оваа книга, напишана од перспектива на осумгодишно девојче на XXI век, ја прави Нини дете на нашето време. Како единствена ќерка на самохрана мајка, таа понекогаш посакува односот на нејзините родители да има среќен крај, а ако тоа не е можно, тогаш би сакала мало кутре.