Смртта на еден среќен човек

Morte di un uomo felice

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 238
Година на издание: 2016
Цена: 300МКД

Летото 1981 г. во Милано, во периодот на т.н. оловни години во Италија, протагонистот Џакомо Колнaги води истрага за група млади терористи кои се одговорни за убиството на еден демохристијански политичар. Истовремено со приказната за можностите и ограничувањата на правниот систем, за човекот во потрага по смислата, како и разбирањето на потеклото на тероризмот, вториот фокус во романот е врз таткото на Колнаги, Ернесто, човек од работничката класа, идеалист кој се приклучил на партизаните во ерата на фашизмот и бил убиен од милицијата кога Колнаги уште бил дете. Низ двете паралелни приказни за судбините на таткото и синот, Колнаги доаѓа до заклучок дека доколку циклусот на насилства не се прекине, тоа ќе води до натамошна смрт и страдање, што и всушност на крајот се потврдува на најтрагичен начин.

 

Романот Смртта на еден среќен човек на Џорџо Фонтана е добитник на наградите Премио Кампиело и Премио Лориа во 2014 година.