Т.А.Ј.Н.А. откриена

S.E.C.R.E.T. revealed

Издавач: КСЦ/Полица
Број на страници: 164
Година на издание: 2017
Цена: 450МКД

Т.А.Ј.Н.А Откриена е експлозивно, сензуално и еротски заситено финале на бестселер трилогијата.

Вил Форет е единственото нешто што Кеси некогаш го сакала ‒ љубовта на нејзиниот живот.

Но, кога тој дознава дека таа е дел од затворената група Т.А.Ј.Н.А. ‒ посветена да им помогне на жените да си ги остварат најдлабоките сексуални фантазии ‒ ја прекинува нивната врска.

Со скршено срце, таа се посветува да ѝ помогне на Соланж Фарадеј, новата девојка. Кеси ја обновува врската со жешкиот фраер Џеси, иако тој не може да ја љуби толку длабоко како што може Вил.

Во меѓувреме, брилијантната Соланж, самохрана мајка со одлична кариера, но без љубов, навлегува многу длабоко во своите страсти, како никоја друга од друштвото Т.А.Ј.Н.А.

  • Дали Соланж ќе го најде она по што копнее?