Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 — 23 април 1616) — англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот[1]. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“[2]. Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.[3]
Шекспир бил почитуван поет и драматург во своето време, но денешниот углед главно започнува во XIX век. Романтичарите особено ја почитувале генијалноста на Шекспир, а викторијанците го обожавале со таква стравопочит што Џорџ Бернард Шо ја нарекува „бардолопоклонство“.[4] Во XX и XXI век, неговите дела уште поинтензивно се проучуваат и изведуваат, од најразлични културолошки, книжевни и политички перспективи ширум светот.









