Георги Брдаров (целосно име Георги Костадинов Бърдаров) е бугарски научник и писател. Предава на катедрата за геологија и географија на Софиски универзитет, каде што ја извршува и функцијата продекан.
Неговиот прв роман Аз още броя дните („Сè уште ги бројам деновите“) произлегол од првото интелектуално ријалити-шоу на бугарската телевизија, The Manuscript, кое Брдаров го освоил во 2015 година. Романот се темели на вистинска приказна за меѓукултурна љубов за време на Опсадата на Сараево во текот на Босанската војна.
Неговиот втор роман Absolvo Te (2020) ја добил Награда на Европската Унија за книжевност во 2021 година.
Покрај книжевната и научната работа, Брдаров е и позната јавна личност. Тој предава јавен настап и е дел од издавачката и продукциска компанија Musagena.









