Актуелности

04
Jun
2020

Интервју со Петар Андоновски: „Мојата награда е награда и за македонската книжевност“

Петар Андоновски, писателот чие име изминатите денови одекнува низ сите медиуми откако ја доби значајната Европска награда за литература, е наш колега во „Полица“. Муабетите поврзани со наградата и со книгите, кои и онака секојдневно си ги правиме со него, решивме да ги споделиме со вас преку едно кратко и слатко интервју.

Што значи за тебе добивањето на Европската награда за литература, а што за македонската книжевност воопшто?

Во Брисел ќе отидам како добитник од Македонија, а тоа значи дека покрај себепромоцијата, ја промовирам и целата наша книжевност. Македонската книжевност е релативно млада и странските читатели речиси не знаат за други наши автори освен за Гоце Смилевски, Лидија Димковска и Румена Бужаровска. Затоа, колку повеќе имаме успеси и признанија надвор, толку повидливa стануваa нашата книжевност. На меѓународните успеси не треба да гледаме како на успех кој се однесува само на авторот, тоа е пред сè успех на сите нас.

 

,

Што е клучното во твојот роман „Страв од варвари“ што мислиш дека е причината за освојувањето на наградата?

„Страв од варвари“ е универзален роман. Не се однесува само на Македонија, туку во него многу лесно можат да се препознаат и читателите во Естонија, во Холандија или во Грција, каде што впрочем и се случува. Романот зборува за стравот од непознатото, за ксенофобијата, за другоста, теми кои за жал се покажаа актуелни и во ова време на КОВИД-19, кога заразените се целосно стигматизирани и на нив гледаме како на варвари кои го загрозуваат нашето постоење.

Кои книги ги извади од твоите полици и ги исчита периодов за време на карантинот?

Реално, периодов читав многу малку и тоа книгата „Вагон – ресторан“ на Лилјана Дирјан, која ја читав во ракопис по не знам кој пат, а која треба наскоро да излезе. Избегнував да читам други книги, затоа што се посветив на пишување на мојот нов роман ,,Неверство”, кој треба да излезе во септември.

 

Успеваш ли нешто да прочиташ додека си на работа?

Мојата работа е таква што можам да си дозволам поголемиот дел од времето да го поминам во читање. Пред да почнам со пишување на мојот роман, ги исчитав: „Крајот на Еди“ и „Историја на насилството“ од Едуар Луј, подготвувајќи се за еден настан кој, за жал, мораше да биде откажан, како и „Моби Дик“ во феноменалниот превод на Огнен Чемерски – сите три изданија на „Полица“. Потоа, исчитав и два романи од Елена Феранте, ,,Денови на напуштеност” и ,,Мрачна ќерка”, и предрасудата дека книгите на Феранте се книги за на плажа целосно ми се урна, а и „Флорида“ од Лорен Гроф ми е едно од поубавите книжевни откритија оваа година, кое исто така успеав да го прочитам на работа.

 

Ти недостасува ли нормалата од пред кризава?

Ми фали гушкањето со луѓето што ги сакам, ми фали времето кога без страв седнував до некој во автобус, ми фали седењето со саати во кафеана, ми фалат промоции на книги, одењето во театар, патувањата...

 

Разговараше: Наташа Атанасова

17
Mar
2020

АКЦИЈА 20% попуст на сите нарачки преку интернет!!! ДОМА СИ - ЧИТАЈ СИ

Додека му пркосиме на коронавирусот седејќи дома, можеме да правиме многу корисни работи меѓу кои и – да читаме!
.
„Полица“ ве поттикнува насловите што сте ги меркале периодов да си ги нарачате од дома – во порака или преку нашата веб-страница www.polica.mk.
.а таа цел, сите наши наслови за нарачки преку интернет се со 20% попуст.

За да го добиете попустот при нарачка од нашата веб продавница внесете „STOP-COVI19“ (без наводници) во полето „Купон за нарачка“ - „Код на купонот“ и кликнете на копчето подолу  - „Внеси во нарачка".

 

Се гледаме и се читаме!

11
Nov
2019

Полица на Саем на книга во читална „Славко Јаневски“

Од 11 до 16 Ноември (од 12:00 до 18:00 часот) во организација на Општина Центар 

04
Sep
2019

Месец на малите љубопитковци: 20% попуст на изданијата за деца

Драги родители на умни деца,

Го славиме септември и почетокот на учебната година. Во текот на целиот месец, во нашата книжарница сите изданија за деца во издание на „Полица“ ќе бидат по цени 20% пониски од редовните.

Ајде заедно да ја поттикнеме и да ја нахраниме љубопитноста на децата!

Ова се нашите изданија за деца:

ЕДИЦИЈА „ДОЗНАЈ И ПРОБАЈ...“
• „Астрономија“ – Никола Божиќ
• „Археологија“ – Весна Бикиќ
• „Како да снимиш филм“ – Радивоје Андриќ
• „Театар“ – Јасен Боко
• „Ботаника“ – Соња Дулетиќ-Лаушевиќ и Душица Јаношевиќ

ПРОДОЛЖЕНИЈА ЗА ЏОРЏ
• „Џорџ и тајниот клуч на универзумот“ – Луси и Стивен Хокинг
• „Џорџ и космичкиот лов на богатство“ – Луси и Стивен Хокинг
• „Џорџ и големиот прскот“ – Луси и Стивен Хокинг
• „Џорџ и непробојниот код“ – Луси и Стивен Хокинг

ЕКСПЕРИМЕНТИ И ТРИКОВИ
• „Урнебесна физика“ – Светислав Пауновиќ, Бранко Стевановиќ и Игор Коларов
• „Урнебесна хемија“ – Драгана Петровиќ-Косановиќ и Андреја Лесковац

БЕЛЕТРИСТИКА
• „Децата од Бучно Село“ – Астрид Линдгрен
• „Сара и заборавениот плоштад“ – Зоран Пеневски
• „Малечката Нини“ – Софи Шерер
• „Кралот Арктик и Северот“ – Зоран Тодоровски-Тоде
 

За да го добиете попустот при нарачка од нашата веб продавница внесете „919LBP20“ (без наводници) во полето „Купон за нарачка“ - „Код на купонот“ и кликнете на копчето подолу  - „Внеси во нарачка".

 

Се гледаме и се читаме!

26
Jun
2019

ПОПУСТ на 3 книги на нашата ПОЛИЦА

ОД ДЕНЕС ДО 29 ЈУНИ: -20% на двете книги од младиот француски автор Едуар Луј ("Крајот на Еди" и "Историја на насилството"), кои ги тематизираат хомосексуалноста и хомофобијата во 21. век, како и на романот "Средниот пол", добитник на Пулицеровата награда за литература за 2002 година од американскиот писател Џефри Еугенидес за само 100,00 денари.

06
Jun
2019

Од денес до среда - саем на книга во Рамстор Мол

На одмор се оди подготвен или, со други зборови, со цел куп книги :D 
Од денес до среда - нашите изданија можете да ги најдете на саемот на книга во Рамстор Мол и прописно да се подготвите за на плажа ;)

14
May
2019

2 Награди за ПОЛИЦА на саемот на книга 2019

На 31. Саем на книгата 2019, „Полица“ се закити со две значајни признанија. Македонската асоцијација на издавачи го прогласи штандот на „Полица“ за најоригинален, а за кампањата „Читај на екс“, која се одвиваше при крајот на 2018 година, „Полица“ го доби признанието најголем промотор на читачката култура меѓу два саема.
12
Apr
2019

САЕМ НА КНИГАТА ОД 8. ДО 14. МАЈ ВО ВИП АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

УНГАРИЈА – ЗЕМЈА ВО ФОКУСОТ

Во период од 8. до 14. мај во ВИП Арената Борис Трајковски ќе се одржи 31-то издание на Саемот на книгата, кој веќе втора година по ред се одржува на оваа локација. Саемот на книгата е манифестација на која учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот, поточно од Унгарија, Србија, Косово и Албанија.