Наскоро „Полица“ со своја книжарница

04.10.2018

Издавачката куќа „Полица“ со големо задоволство ве известува дека отвора книжарница во самиот центар на Скопје, на булеварот „Димитрие Чуповски“ бр. 26, веднаш до пицеријата „Доминос“. Новиот продажно-изложбен салон на „Полица“ ќе започне со работа на почетокот на ноември.

Се надеваме дека на полиците на нашата нова книжарница секој ќе најде книга што ќе ја задоволи неговата книжевна љубопитност.