Андреја Лесковац (1977) е родена во Осиек. Дипломирала на Биолошки факултет при Универзитетот во Белград, на насоката применета генетика, каде што подоцна ги завршила и магистерските и докторските студии.
Од 2002 година работи во Институт за нуклеарни науки Винча, каде што се занимава со научни истражувања. Авторка е на повеќе научни трудови од областа на радиобиологијата и генотоксикологијата.
Во моментов е соработник на научниот проект „Истражувања на интеракциите на ензимите со токсични и фармаколошки активни молекули“, поддржан од Министерство за просвета, наука и технолошки развој на Србија.









