Франсоа-Рене де Шатобријан

François-René de Chateaubriand

Франсоа Рене де Шатобријан (француски: François-René de Chateaubriand) (1768–1848) е француски политичар, дипломат, историчар и писател кој претставува предвесник на романтизмот во Франција. За неговото дело критичарите велат дека иако е во произволна форма, изобилува со многу поезија, а жанровски се движи од лирски роман, преку слабо изведени епопеи, до есеј и автобиографски белешки. Овој писател го интересираат три крупни теми: политиката, религијата и интензивното, роматичарско доживување на и соживување со природата, особено со новите, непознати светови. Сѐ што напишал Шатобријан (а најважни му се подолгите прозни дела Атала и Рене) има силна автобиографска димензија. Како потомок на стара благородничка лоза, врзан за „Стариот Свет“ кој умира грчевито под налетите на новиот, капиталистички поредок, тој ќе се качи на брод за Америка, во политичко прогонство. Петмесечниот престој во Филаделфија и посетата на Нијагарините водопади кај него ќе ја разгори фантазијата по нови и непознати светови и предели (едно од темелните обележја на романтизмот, беше патувањето во егзотични и непознати места).

Атала ; Рене

Арне Рубинштајн

Арне Рубинштајн е австралиски лекар, едукатор и автор кој се занимава со здравјето и психолошкиот развој на младите луѓе. Познат...

Повеќе..

Марк Блејк

Марк Блејк е британски музички новинар и писател, познат по деталните истражувања и книги за историјата на рок-музиката и биографиите...

Повеќе..

Пол Скот

Пол Марк Скот (25 март 1920 – 1 март 1978) беше англиски романописец, познат по неговата тетралогија The Raj Quartet,...

Повеќе..

Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 — 23 април 1616) — англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот[1]....

Повеќе..

Франсоа Волтер

Франсoа Мари Аруе (француски изговор: [fʁɑ̃.swa ma.ʁi aʁ.wɛ]; 21 ноември 1694 година – 30 мај 1778 година), подобро познат под псевдонимот Волтер (pronounced: [vɔl.tɛːʁ]) —...

Повеќе..

Овен Метјуз

Овен Метјуз (роден декември 1971, Лондон) е британски автор, историчар и новинар со долгогодишно искуство во известување од Русија и регионот...

Повеќе..

Виктор Иго

Виктор Иго (француски: Victor Hugo; Безансон, 26 февруари 1802 – Париз, 22 мај 1885 ) — француски писател, еден од предводниците на францускиот романтизам. Покрај Балзак, Иго се смета за најголема фигура во француската...

Повеќе..

Мирослав Мишковиќ

Мирослав Мишковиќ (роден на 5 јули 1945 во Бошњане) е српски претприемач, инвеститор и публицист. Тој е сопственик на компанијата...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×