Гордана Михаилова Бошнакоска

Гордана Михаилова Бошнакоска родена е во Битола (Македонија) на 1.09.1940 година. Живее во Скопје. Работела како уредник во Македонската Телевизија и студирала на факултетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија (14 книги). За Планини од картонски кутии ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ во 1998 година на „Струшките вечери на поезија“, а за книгата Песна на ридот наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов“. Пишува поезија, проза, литературна критика, есеи за ликовната уметност, и ТВ емисии за литература и уметност. Објавени се преводи на нејзината поезија (англиски, француски, италијански, германски, шпански, српски, словенечки, хрватски, бугарски, албански, грчки и др.) и преводи од проза (чешки, полски, шведски, хрватски и др.). За нејзиното творештво се искажале многу литературни критичари и писатели. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (од 1965 година) и член на Македонскиот Пен Центар (од 1970 година).

Извор:

No results found.

Марија Ксилури

Марија Ксилури е современа грчка писателка, преведувачка и уредничка. Родена е на островот Крит, Грција. Студирала психологија во Атина, а...

Повеќе..

Софи Мас

Софи Мас е филмска продуцентка со седиште во Париз. Во 2012 година се приклучила на продукциската компанија RT Features, основана...

Повеќе..

Исток Улчар

Исток Улчар е роден на 11.09.1996 година во Скопје. Ја објавил стихозбирката „Сенки низ циркускиот шатор“ (2014 г.). Неговата поезија е...

Повеќе..

Овен Метјуз

Овен Метјуз (роден декември 1971, Лондон) е британски автор, историчар и новинар со долгогодишно искуство во известување од Русија и регионот...

Повеќе..

Џон Бергер

Џон Питер Бергер (5 ноември 1926 – 2 јануари 2017) бил англиски ликовен критичар, романсиер, сликар и поет. Неговиот роман...

Повеќе..

Радјард Киплинг

Радјард Киплинг (англ. Rudyard Kipling, 30 декември 1865 – 18 јануари 1936) беше британски писател, поет и новинар, најпознат по...

Повеќе..

Тахар Бен Желун

Тахар Бен Желун (роден 1 декември 1944) е марокански писател и поет. Роден е во Фес, Мароко, а подоцна се...

Повеќе..

Радивоје Андриќ

Радивоје Андриќ (роден 1967) е српски филмски и телевизиски режисер. Пред да се запише на Факултетот за драмски уметности, режирал...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×