Хенрик Ибзен (20 март 1828 – Осло, 23 мај 1906 ) — норвешки писател и драматург. Во своите дела го критикувал современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се „Нора“, „Комедија на љубовта“, „Привиденија“ и „Народен непријател“.
Животниот пат на Ибзен е комплексен и вклучува разни места, земји и занимања, како и различни животни околности низ кои поминал. Ибзен потекнува од малото место Скиен во кое живеел сиромашен живот. Уште во раната младост, Ибзен останал без татко му, поради што семејството западнало во тешка сиромаштија, поради што тој морал да го прекине школувањето и да се вработи како аптекарски помошник. Во детството и во младоста претрпел два-три големи потреси кои предизвикале да се повлече во себе и да се предаде на читањето книги. Наспроти тоа, во подоцнежната возраст Ибзен читал малку и неговите познаници сведочат дека во неговата работна соба (преполна со скапи слики) речиси и да немало книги.









