Иван Антоновски (Скопје, 30 јули 1990) — македонски поет и есеист, книжевен критичар, книжевен преведувач и публицист. Работи како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје.
Роден е во 1990 година во Скопје. Автор е на повеќе книги поезија, проза, есеистика и публицистика, а застапен е во повеќе домашни и меѓународни поетски антологии и зборници. Дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како првенец на генерацијата. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.









