Рубен Гаљего, роден со церебрална парализа во Москва, бил скриен во советските државни институции од својот дедо по мајка, генералниот секретар на Шпанската комунистичка партија во 1960-тите години. Детството го поминал во сиропиталишта, болници и домови за стари лица, живеејќи живот на емоционална лишеност и изгубено човечко достоинство. А, сепак, во книгата нема самосожалување, нема горчина, има само непоколеблив однос кон вистината. Приказната на Гаљего е приказна за занемарувањето и малтретирањето, но и за споделените мали задоволства, за храброста, за моќта на човечката волја и за растечката фасцинација на едно дете со книгите и световите што ги наоѓа во нив.









