Звонко Димоски

Звонко Димоски е преведувач, автор, театарски критичар и културен менаџер, чија работа ги поврзува современиот театар, литературата, културното наследство и развојот на заедницата. Од 2003 до 2018 година бил предавач на Институтот за словенски и балкански студии при Универзитетот „Адам Мицкјевиќ“ во Познањ, Полска, каде што предавал македонски јазик, литература, култура и родови студии. Работи како преведувач од полски, српски и англиски на македонски јазик за бројни издавачки куќи, културни институции и фестивали во Македонија и во Полска. Има преведено дела од водечки современи полски автори, меѓу кои Адам Загајевски, Јустина Баргелска, Владислав Рејмонт, Мариуш Шчигел, Анджеј Малешка, Јануш Корчак, Зузана Гинчанка, Уршула Хонек итн. Соработник во списанија за литература и уметност, театарски колумнист за umno.mk и автор на книгите „Современи театарски огледи, Книга 1“ и „Ex nihilo“, репортажна поезија за Андалузија. Бил дел од организацискиот тим на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соработува со бројни театарски, литературни и уметнички фестивали во Македонија и регионот, како и со други културни платформи и иницијативи посветени на интердисциплинарна уметничка практика. Како основач на „Јавен Простор Прилеп“, платформа за заедничко управување со јавните простори и културен развој на заедницата, има иницирано и координирано бројни проекти кои ги поврзуваат културата, младинскиот ангажман, социјалното претприемништво и (ре)интерпретацијата на наследството.

Извор:

No results found.

Звонко Танески

Звонко Танески е роден на 12 03 1980 година во Кичево. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет...

Повеќе..

Греам Свифт

Греам Свифт (роден на 4 мај 1949) е современ британски романсиер и еден од значајните автори на англиската проза од...

Повеќе..

Марија Ксилури

Марија Ксилури е современа грчка писателка, преведувачка и уредничка. Родена е на островот Крит, Грција. Студирала психологија во Атина, а...

Повеќе..

Филип Киндред Дик

Филип Киндред Дик (16 декември 1928 – 2 март 1982 ), често ословуван и со својата кратеница ПКД, или по својот писателски псевдоним Ричард Филипс, бил американски писател на научна фантастика кој...

Повеќе..

Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 — 23 април 1616) — англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот[1]....

Повеќе..

Фјодор М. Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски (руски: Фёдор Михайлович Достоевский; роден на 11 ноември 1821 година во Москва — починал на 9 февруари 1881 година[1] во Санкт Петербург[2]) — руски писател, раскажувач,есеист, филозоф, новинар и публицист [3]. Тој бил дописен член на Санктпетербуршката академија...

Повеќе..

Франческо Пиколо

Франческо Пиколо (роден 1964 во Касерта) е италијански писател, сценарист и автор на романи и раскази. Во 2014 година ја...

Повеќе..

Максим Горки

Алексеј Максимович Пешков (руски: Алексей Максимович Пешков), алијас Максим Горки (Максим Горький) (Нижни Новгород, 28 март 1868 – Горки, Москва, 18 јуни 1936) — руски и советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Од 1892 година,...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×