Автобиографии

Autobiographies

Број на страници: 408
Година на издание: 2014

353МКД

Автобиографиите на големиот ирски поет Вилијам Батлер Јејтс се извонредно значајни дела бидејќи претставуваат основа за разбирање на времето во кое живеел поетот како и на настаните што станале поттик и инспирација за неговото поетско творештво. Всушност, многу од дилемите во песните на Јејтс се објаснуваат низ неговите размисли пренесени во автобиографските текстови. Она што е најинтересно и необично во нив е тоа што, иако се автобиографски записи, самиот Јејтс не се наоѓа во фокусот на вниманието туку тој се поставува како еден вид посредник меѓу читателот и настаните што ги опишува. Имено, неговата нараторска улога овозможува тој да функционира како „очи“ низ кои ги гледаме општествено-историските превирања во Ирска, што всушност и го претставува фокусот на ова дело. Така, читајќи ги автобиографиите, многу повеќе дознаваме за историските случувања, за културата и традиционалните верувања на Ирците, за конфликтот меѓу Англија и Ирска како и за влијанието на голем број значајни личности од тоа време, како што се Оскар Вајлд, Џон Синџ, Џорџ Бернард Шо, Вилијам Морис, Вилијам Ернест Хенли, Стендиш Огрејди отколку за приватните случувања во животот на самиот Јејтс. Со својот извонреден стил како и со изборот само на она што го сметал за определени значајни моменти за историјата и културата на својата земја, Јејтс успева да даде јасна претстава за околностите што довеле до жестоките битки меѓу Ирска и Англија како последица на ирските аспирации за независност, што се во фокусот на неговата поезија.