Басни

AESOP - FABLES

Автор: Езоп
Издавач:
Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Иако во тие басни човекот е претставен преку некое од многуте животни, сепак тој е централно суштество, и во секоја басна е опишан некој човечки порок или некоја негова слабост: човечката лакомост, завидливост, подмолност, но и многу човечки доблести: добрината, пријателството, гостопримството, чувството за правичност, здравиот разум итн.

И денес, чудесните басни на Езоп, кои се одликуваат со мудра едноставност и со пријатна привлечност, спаѓаат меѓу најчитаните книжевни творби насекаде во светот, тие се најомилена лектира не само за децата и младата популација туку и за возрасните читатели или, како што ќе каже големиот Бокачо, тие одговараат на секоја возраст; зашто секој во нив наоѓа нови мотиви за восхитување од божјата дарба на славниот баснописец и засекогаш му остануваат врежани во сеќавањето, како најскапоцени дарови на човештвото.