Бајки

Kinder und hausmärchen - Brüder Grimm

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 482
Година на издание: 2018

450МКД

Збирката „Детски и домашни бајки“ е несомнено најпознатата и најпреведувана германска книга на сите времиња, а бајките содржани во неа, со векови, по устен или по писмен пат, се вградувале во душата и во фантазијата на многу генерации деца во целиот свет. Тие и ден-денес ја немаат загубено својата актуелност и претставуваат омилено четиво и за децата и за возрасните. Ако во минатите времиња многумина својот прв допир со пишан текст го направиле читајќи ја Библијата, за неброени генерации деца во светот овие бајки претставувале прво запознавање со книжевен текст. Во вкупното дело на браќата Грим засебно место и најголема популарност имаат бајките. Нивниот интерес за бајките бил мотивиран од сфаќањето на романтичарското начело дека во бајките, како облик на народната епика, е сочуван таканаречениот дух на народот, својствен за автентичното колективно творештво.