Бело на црно

Белое на чёрном

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: роман
Број на страници: 154
Година на издание: 2017

300МКД

Бело на црно е извонредно сведоштво, приказна за триумфот на едно момче соочено со ненадминливи пречки. Рубен Гаљего, роден со церебрална парализа во Москва, бил скриен во советските државни институции од својот дедо по мајка, генералниот секретар на Шпанската комунистичка партија во 1960-тите години. Детството го поминал во сиропиталишта, болници и домови за стари лица, живеејќи живот на емоционална лишеност и изгубено човечко достоинство. А, сепак, во книгата нема самосожалување, нема горчина, има само непоколеблив однос кон вистината. Приказната на Гаљего е приказна за занемарувањето и малтретирањето, но и за споделените мали задоволства, за храброста, за моќта на човечката волја и за растечката фасцинација на едно дете со книгите и световите што ги наоѓа во нив.