Бледосин женски ракопис

FRANZ WERFEL - EINE BLASS-BLAUE FRAUENSCHRIFT

Издавач:
Жанр: роман
Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Во оваа новела Верфел успева да наслика жестока отсечка на преломниот период од едно толерантно општество (Австрија) кое присилно мора да се приклони кон фашистички систем (Германија). За да го реализира овој специфичен раскажувачки потфат, авторот користи многу малку средства: една навидум безопасна случка предизвикана со добивањето на писмо адресирано со женски ракопис, еден неоткриен љубовен триаголник, и редоследно поврзани настани што се случуваат од утрото до вечерта на 7 октомври 1936 година, еден сосема обичен есенски ден во предвоена Виена.