Варварска свадба

Les noces barbares

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: роман
Број на страници: 290
Година на издание: 2016

300МКД

Сè започнува во едно село на брегот од океанот, непосредно по последната војна со „варварското“ силување на 13 годишната Никол, која кутрата верува дека доживува голема љубов со американскиот војник. Од тој „варварски“ чин се раѓа Лудо, несаканото дете кое цел живот ќе го носи печатот на „срамот“ на семејството и ќе ја потсеќава мајка си на мачната пијана ноќ со тројцата Американци. Мајка му го мрази, а нејзиното примитивно малограѓанско семејство кое, над сè, држи до својата „чесност“ и до добриот глас, го малтретира детето и го држи на таван со надеж дека набргу тоа ќе умре...

Израснат во тотална „варварска“ изолација, окружен со ладнокрвна рамнодушност, тој не е луд туку излуден од осаменост, од љубов особено кон својата мајка. Меѓутоа, мајката, и самата трагична личност, опседната од сопствените трауми, нема никакво разбирање за чувствата на својот син.

Лудо ќе избега од домот. Мајката и синот се наоѓаат. Се исповедаат еден на друг. За прв пат Лудо ќе и каже „мамо“. Но таа чудесна хармонија ќе потрае само еден миг, очите на мајка му лачат студенило, таа сака само да го врати кај „улавите“...