Децата од Бучно Село

Alla vi barn i Bullerbyn

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 278
Година на издание: 2017

300МКД

Добре дојдовте во Бучно Село! Всушност, тоа баш и не е село. Лиса, која ги раскажува приказните, живее на Средната Фарма со родителите и со двајцата браќа, Карл и Бил. Брита и Ана живеат на Северната Фарма, а Олe и Керстин живеат на Јужната Фарма. Бидејќи куќите се многу блиску една до друга и бидејќи децата прават толку многу врева, фармите го добиле ова искрено и весело име. Голема липа расте меѓу Средната и Јужната Фарма, и момчињата некогаш се качуваат на гранките за да си одат на гости едни на други – дури и девојчињата го прават тоа, како онаа ноќ кога чекаа Оле да заспие и скришно да му го извадат забот што му се клатеше без тој да знае! Ова е само една од авантурите поради која и младите и постарите читатели ќе посакаат да бидат дел од страниците на оваа книга.