Желбата да се биде како сите други

Il desiderio di essere come tutti

Издавач: КСЦ/Полица
Број на страници: 214
Година на издание: 2017
250МКД

Погребот на Берлингер и откривањето на радоста што ја чувствуваме кога ќе изгубиме, киднапирањето на Моро и предавството од страна на таткото, интелектуалната храброст на Паризе и првата љубов што починува на Денот на вљубените, говорот со кој Бертиноти ја урнал владата на Проди и конечното предавање на генот на површноста, секојдневниот живот во текот на дваесет години на власт на Берлускони, речениците на Кракси и еден расказ на Карвер... Иако е точно дека ни треба цел живот за да станеме она што сме, кога ќе погледнеме наназад, патот е јасно обележан, постои низа претчувства, моменти, налети на инспирација и грешки кои ја сочинуваат нишката на нашиот живот. Со Желбата да се биде како сите други Пиколо напишал книга која е и роман за италијанската левица и приказна за личното и колективното созревање. Епохата во која живееме не може да се отфрли, само може да се прифати. Секој човек доживува барем една љубовна приказна која трае цел живот: онаа со своето време и својата земја, (турбулентен) брак меѓу приватниот и јавниот живот. Овој личен и политички, забавен, крајно сериозен и провокативен роман зборува за сè што придонесува да бидеме тоа што сме.