Избрани дела

JOHN DONNE - SONGS AND SONNETS

Автор: Џон Дон
Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Бидејќи сите создаваат во најдрамскиот период од англиската книжевност, а самите не пишуваат драми, драматичноста на времето во кое живеат агресивно се искажува во нивната поезија преку напнатоста, спорот, расправата што меѓусебно ја водат гласот што говори и гласот што слуша. Говорникот е постојано на штрек, постојано во некаква состојба предизвикана од љубовната ситуација во која се наоѓа и во секој момент е подготвен да расправа за неа, притоа обидувајќи се цело време да му докаже нешто на оној што слуша, да го убеди во неговиот став или да го разубеди, сеедно.