Како избравме американски претседател

Како избравме американски претседател

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 158
Година на издание: 2019

350МКД

Импресивна е приказната за цивилизацијата на Катарите, за нејзините поклоници, олицетворение на смиреноста, посветеноста кон Бога, љубовта и добрината. За Светиот грал и тајната на поп Богомил... за крстоносците, за големиот Алексеј Комнен, оној што пред 11 века го изградил манастирот Свети Пантелејмон... за свештениците што се претвораат во фарисеи и наместо во духовно богатство, повеќе веруваат во сјајот на парите.
Низ дигитална треска на велешките хакери што ќе стресе цел континент се разрешува и мистеријата на исчезнатото ремек-дело „Портрет на момче“ на големиот Рафаело, запленето од Гестапо во Втората светска војна. Светиот грал и ремек-делото на Рафаело се главниот мотив за дружба на тајните служби ГРУ, БНД, МОСАД, македонските, грчките разузнавачи...
Кукулев толку мајсторски раскажува, што читателот едноставно почнува да се сомнева во првата реченица од романот Како избравме американски претседател дека настаните и личностите се измислени, бидејќи кадрите што сами се појавуваат во читачката имагинација оставаат простор за вистинска двојба.
Романот Како избравме американски претседател читателот го остава без здив од првата до последна страница. Александар Сашко Кукулев со својот карактеристичен наратив создаде остроумно и истовремено силно провокативно четиво, едно од оние за кои читателот посакува да го види на големото филмско платно.
Читателот очекува „сигнал“ @Ања2311 да го извести за нова акција...