Магбет; Отело; Кралот Лир

WILLIAM SHAKESPEARE - MACBETH; OTHELLO; KING LEAR

Издавач:
Број на страници:
Година на издание:

353МКД

„Макбет“ е најкусата од четирите големи трагедии напишани во најзрелиот период од творештвото на неповторливиот бард на светската книжевност. Тоа е драма за трагичноста на нереалните лични амбиции кои остварени по злосторнички пат, ги уништуваат не само носителите на истите туку разоруваат цело едно општество претворајќи го во поле по кое „неоседлани танцуваат“ ужасните последици.

Трагедијата „Отело“ е величествена химна на човечката несреќа предизвикана од незауздените, алчни пориви на злонаклонетото  сплеткарство отелотворено во, веројатно, најголемиот и најбистар подлец во светската книжевност, Јаго.

„Кралот Лир“, ако не е најдобрата трагедија на Шекспир, тогаш сигурно е занаетски „најстегнатата“ а лирски „најнагнетената“ со поделени чувства на љубов и омраза, на малку радост и многу тага, на тучен неспокој и тешка разочараност, на дива нескротеност и неповторливо лудило.