Месечари 2

Die Schlafwandler

Издавач:
Жанр: роман
Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Во трилогијата Месечари дејството во првиот роман се одигрува во 1888 година, во вториот во 1903 година, а во третиот во 1918 година, односно со петнаесетгодишна временска разлика меѓу нив. Иако трите дела од Месечари треба да претставуваат една целина, тие се разликуваат едно од друго според стилот, времето и местото на одигрување, но и според главните ликови и атмосферата.

Настаните во првиот дел „Пасенов или романтиката“ се случуваат во Берлин и во пруската провинција во текот на 1888 година и се претставени како пародија на книжевниот реализам од деветнаесеттиот век.

Вториот дел од трилогијата, именуван како „Еш или анархијата“, претставува еден вид имитација на експресионистичката проза. Наместо да се стави нагласка на расчленувањето на настаните што се случуваат во Келн и во Манхајм во 1903 година, пред читателот на површина избива спротивставеноста на работничката класа и ниската буржоазија.  

Настаните во последниот дел од трилогијата Месечари, со наслов „Хагенау или трезвеноста“, се случуваат во малечко гратче на брегот од реката Мозел, и тоа во последната година од Првата светска војна. Во една таква провинција, дезертерот Хагенау, преправен како бизнисмен и издавач, се обидува преку измами да ги оствари своите нечесни цели. И во овој дел Херман Брох на симболичен начин ги испреплетува животните врвици на дотогашните ликови.