Метаморфози

Publius Ovidius Naso - Metamorphoseon

Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Имено, воопшто не изненадува тоа што (веднаш по Вергилиј) Овидиј добива привилегирано место во Дантеовиот антички поетски „пантеон“ запазен во Божествената комедија. Иако Овидиевиот возбудлив живопис се оцртува со огромни амплитуди (од миленик на римската елита до поет прогонет по налог на моќниот Октавијан Август), Овидиј е несомнено еден од највлијателните антички поети не само во книжевноста пишувана на латински јазик, туку и во целокупната светска книжевност.

При создавањето на своето најзначајно дело, епот Метаморфози, Овидиј не бил прв (а ни последен) поет кој црпел теми од бескрајниот океан на митолошкото наследство. Но, веројатно Овидиј е еден од ретките поети кому му успеало во епска песна да обедини толку многу приказни во едно ново раскажувачко единство, одбирајќи го топосот на преобразбата како стожерна тематска матрица при селектирањето на митолошката граѓа.