Моби Дик 1

HERMAN MELVILLE - MOBY DICK 1

Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Не можеме ниту лесно да го сместиме во жанровски категории. Приказната е навидум едноставна: Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој маничен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата. Сепак, Моби Дик не е реалистичен роман за егзотични морски авантури. Во него се испреплетуваат природонаучни факти и народни верувања, детална дескрипција на природните феномени и симболички претстави. Се редат наизменично филозофски медитации и драмска напнатост, трагичниот набој расте покрај богати дози хумор, нарацијата ја одменуваат монолози, сценски дијалози и дидаскалии, а нив, пак, подробни описи на анатомијата на китот, есеистички забелешки, библиски егзегези и поетски проблесоци. Секој елемент станува симбол: бродот Пиквод, во чија посада има претставници од различни раси и култури, е синегдоха за светот, китоловството се чита како голема метафора на човековата гносеолошка потрага, а двата видови голем кит, правокитот и спермокитот, се претвораат во персонификации на двете класични филозофски школи – стоицизмот и платонизмот.