Мојот живот

MARC CHAGALL - MA VIE

Издавач: КСЦ
Жанр: роман
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Можеби токму поради овој специфичен белег на мнозина познавачи на неговото творештво тоа им се претставува како олицетворение на идејата за „сликарот како поет“. А токму оваа споредба се потврдува не само од неговите дружења со прочуените авангардни писатели во Париз, кои потоа му стануваат и блиски пријатели – авторите од форматот на Гијом Аполинер и Блез Сандрар – споредбата се потврдува не само од бурните времиња на револуционерниот руски уметнички експеримент од првите две и пол децении на минатиот век – кон кој од страната на литературата се придружуваат и прочуените поети Владимир Мајаковски и Сергеј Есенин – туку и самиот факт што Марк Шагал и непосредно ја отелотворува востановената врска помеѓу уметноста и книжевноста преку пишувањето на автобиографското дело Мојот живот.