Невидливиот човек

Invisible man

Жанр:
Број на страници:
Година на издание:

353МКД

Романот Невидливиот човек од Ралф Елисон е едно од најмаркантните прозни дела во афроамериканскиот книжевен корпус, кое со своите високи книжевно-естетски вредности ги надминува овие потесни рамки и се вбројува меѓу најважните и највлијателни романи создадени и објавени во САД во XX век. Недвосмислена потврда за ова се позитивните критички одгласи што се појавуваат непосредно по издавањето на романот и многубројните книжевни студии и анализи посветени на ова дело, објавени во изминативе шест децении, како и неколку рангирања на најзначајните романи од англиското јазично подрачје во кои е вклучен и Невидливиот човек, како што се листите „100 најдобри романи на англиски јазик во 20-от век“ на американската издавачка куќа „Модерн лајбрари“ (Modern Library), при што едната листа е составена од уредниците, а втората е составена од читателите, потоа листата „100 најдобри романи на англиски јазик од 1923 до 2005“ на влијателното њујоршко неделно списание „Тајм“ и др.