Ослободениот Прометеј; Одбрана на поезијата

PERCE BISH SHELLY - PROMETHEUS UNBOUND; A DEFENCE OF POETRY

Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

„Ослободениот Прометеј“ е едно сложено, имагинативно префинето поетско дело што во себе вклучува размисли за природата на човекот и за неговиот напор да се здобие со повисока морална и креативна вредност, да ја поврати загубената верба во себеси, наспроти општествениот хаос, поделбите што носат меѓусебна омраза, неправдите што резултираат со морална и физичка деградација на поединецот и распад на праведното општество. Ослободениот човек, според Шели, ќе се здобие со нов импулс за создавање уметност и наука со кои уште повеќе ќе ја разбуди свеста за змијата свиена длабоко во него, која постојано го чека мигот повторно да го стави на искушение и да го разруши неговиот мачно изграден свет.

Есејот „Одбрана на поезијата“ на Шели е крајно интересен и извонредно успешен обид аргументирано и совесно да се одбрани уметноста на поетскиот збор во време кога тој е изложен на произволни напади и негаторски тенденции со обид да му се одземе значајното место во насушната потреба на човекот за уметничко изразување.