Патот

The road

Жанр: роман
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Ова е несекојдневен роман. Ова е модерна приказна за слегување во Пеколот, но не во Дантевиот, туку во футуристичкиот постапокалиптички пургаториум на Кормак Макарти. Ова е потресна вистина за тоа како би изгледала нашата Зелена планета и иднина доколку ни се случи тоа што се случува во романот Патот. Библиското откровение е тука, преку описите, приказите и постапокалиптичните визии на Макарти во романот Патот, тоа новозаветно профетство добива страшен и убедлив римејк. Во романот се скршени сите печати на Апокалипсата, но и покрај сите црнила и сета пепел која го прекрива милјето на Патот, овој роман, во многу нешта, може да се сфати и како роман на надежта и љубовта. И покрај тоа што овие две важни категории за човековото битисување во Патот се инцидентни и секогаш се мерат со светлинки и искри.

Романот Патот од современиот американски класик Кормак Макарти, наречен и „столб“ на американска проза на дваесеттиот век, е една грозоморна сага за состојбата со светот по случената и завршена катаклизма. Романот е горчливо, студено и сурово четиво за онаа Америка, или подобро кажано – за тоа што останало од неа