Патувањата со Чарли

JOHN STEINBECK - TRAVELS WITH CHARLEY

Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Книгата Патувањата со Чарли е постојано меѓу десетте најпродавани книги во 1962 година во Америка, останувајќи на списокот на десет бестселери на „Њујорк тајмс“ цели педесет и седум седмици. Оваа книга подеднакво добро е примена и од обичните читатели, но и од академската критика во Америка (за која треба да се каже дека долго време не гледа со наклоност кон прозното дело на Штајнбек – та дури непосредно по добивањето на Нобеловата награда во значајни списанија се објавуваат малициозни текстови во кои се укажува дека „изборот можел да биде подобар!“). Како и да е, во однос на книгата Патувањата со Чарли заедничко е мислењето и на специјалистите и на неспецијалистите дека станува збор за вонсериско книжевно остварување во доменот на патописот, публицистиката и на есејот (non-fiction) или како што тогаш укажува Принстонскиот професор Ерик Голдман во текстот објавен во „Њујорк тајмс“ во 1962 година, Патувањата со Чарли се „чисто задоволство, зајадлива арома на места и луѓе разнесена низ горко-слатки есеи“.