Повикот на земјата

L'appel du sol

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: роман
Број на страници: 202
Година на издание: 2017

350МКД

„Повикот на земјата“ го прикажува животот на баталјонот Алпски ловци на фронтот за време на Битката за границата,  набрзо по избувнувањето на Првата светска војна. Врз основа на сопствените воени сеќавања и сеќавањата на неговиот брат, авторот со реализам и патриотизам ги опишува чувствата на оние зафатени од масакрот на војната, за време на која искусиле такви невидени ужаси што никој не можел да ги замисли само неколку недели претходно. Но, „Повикот на земјата“ не е едноставен роман за војната; нејзиниот автор, млад пацифист и социјалистички новинар, не се колеба да ги критикува генералите и нивните погубни одлуки донесени без познавање на фронтот. Книгата, исто така, зборува за храброста на војниците што биле силно критикувани за време на аферата на 15-от корпус и за мотивите на војниците да станат дел од воениот поход, нивните размислувања и идеали, но и ги расчепкува причините зад волјата на Французите да се борат, како и деструктивната природа на слепиот патриотизам.