Подарокот од Хамболт

Автор: Сол Белоу
Број на страници:
Година на издание:

400МКД

Подарокот од Хамболт е roman à clef за односот на Белоу со поетот Делмор Шварц. Приказната живописно ја истражува променливата врска на уметноста и моќта во материјалистичка Америка. Темата е претставена преку спротивните успеси во кариерата на двајца писатели, Фон Хамболт Флајшер и неговиот протеже Чарли Ситрин. Флајшер копнее да го издигне американското општество преку уметноста, но умира во неуспех, а додека пак Ситрин заработува многу пари како писател, особено од претставата на Бродвеј по која се снимил и филм, во кој главниот лик е олицетворение на Флајшер. Риналдо Кантабиле исто така е забележителен лик во овој роман, кој всушност се замислува дека е некаков си гангстер и се обидува да му се наметне како пријател на Ситрин.