Поезија

RABINDRANATH TAGORE - SELECTED POEMS

Издавач:
Жанр: Поезија
Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Во овој избор од неговата љубовна лирика се претставени сите архетипски состојби на љубовта кон саканото суштество: љубовниот вознес, тивката среќа, радоста, разделбата, тагувањето, но љубовта се открива и во нејзината метафизичка димензија, кога љубовното битие копнее да трансцендира во други сфери на постоењето отаде реалноста:

„Дојди, о дојди на моето езеро, ако сакаш да потонеш во својата смрт“.

Поетскиот јазик и поетската мисла на Тагоре се напојуваат од фолклорната традиција на индиската лирска и епска поезија и од делата на англиските романтичари, но Тагоре во својата, пред сè, возвишена и химнична лирика, која напати има и библиска интонација, внесува и многу елементи од модерното сфаќање на поетската слика, во која возвишеното и приземното, светото и световното се неразделно поврзани.