Портрет на уметникот во младоста

JAMES JOYCE - A PORTRAIT OF THE ARTIST AS A YOUNG MAN

Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Веројатно најважен наратолошки аспект на романот е иновативната употреба на техниката позната како „тек на свеста“.

Темата на урбаниот живот во градот, отвореното зборување за сексуалноста, миметичката употреба на јазикот кој го следи расположението на главниот лик, поврзаноста со митот, користењето на епифанија во моментот на трансформација на ликот, интересот за слободата на индивидуата спроти интересите на заедницата, сето тоа го прави Портретот на уметникот во младоста камен темелник на модернизмот во англиската и светската литература. Од него учат сите модернисти и пост-модернисти во XX и XXI век. За Џојс и неговото книжевно дело се напишани стотици критички дела од 1916 година па сè до ден-денес. „Во своите дела поставив толку многу енигми и загатки што професорите ќе имаат со што да се занимаваат со векови“, изјавил самиот Џојс.