Предани

Allegiant

Издавач:
Број на страници: 456
Година на издание: 2016

450МКД

Што ако целиот твој свет е лага?
Што ако едно единствено откритие – или еден единствен избор – промени сè?
Што ако љубовта и лојалноста те натераат да направиш работи што никогаш не си ги очекувал?

 

Општеството на фракции во кое некогаш веруваше Трис Прајор сега е уништено – раскинато од насилство и борби за моќ и рането од загуба и предавства. Па затоа, кога ќе ѝ се укаже шанса да го истражи светот надвор од границите што ги знае, Трис е подготвена. Можеби зад оградата, таа и Тобијас ќе најдат еден едноставен заеднички живот, ослободен од комплицирани лаги, заплеткани лојалности и болни сеќавања. Но новата реалност на Трис е уште позагрижувачка од онаа што ја остави зад себе. Старите откритија брзо стануваат безначајни. Експлозивните нови вистини ги менуваат срцата на оние што таа ги сака. И Трис повторно мора да се бори за да ја разбере сложеноста на човечката природа – и самата себе – истовремено соочувајќи се со невозможните избори за храброста, преданоста, жртвата и љубовта.