Раскази (избор)

Washington Irving, O'Henry - Selected stories

Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Најголемиот дел од расказите објавени во овој избор се од Нотесот со скици на Џофри Крејон. Тоа се вистински бисери во кои живописниот реализам и историјата се здружуваат со извонредната фантазија и со восхитувачката дескриптивна поезија во сонливата атмосфера на чудесните и натприродни случувања. Свежината на природата што ја опишува Ирвинг и онаа хумористична наивност, впрочем, повеќе уметничка отколку реална, се вонвременски и никогаш нема да застарат. Ирвинг нè восхитува со својот нов и автентичен стил. Тој ја знае, ја цени и извонредно ја користи вредноста на зборовите поставени на вистинското место и по вистинскиот редослед, и живиот шарм на услупно нанижаните реченици со кои толку вешто и прецизно умее да ни наслика некој лик или да ни опише, до најситните нијанси, некој убав пејзаж.