Раскази; На дното

Максим ГорЬкий - Рассказы ; На дне

Издавач:
Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Севкупното книжевно дело на Максим Горки критиката го оценува како мошне значајно, исполнето со противречности, во основа реалистично, во делови или фази модерно, често социјално-дидактично. Нема сомнение дека неговото влијание е многу големо во развојот и подемот на руската советска литература. Сметан за голем пролетерски писател, читан и почитуван и надвор од Русија, Максим Горки спаѓа меѓу ретките автори кои од човечкото социјално дно се искачуваат до самиот врв на литературата, културата и општественото живеење. Тој предизвикува еднакво внимание и со своите литературни дела и со својата апаратна биографија. Познатиот руски книжевен критичар и теоретичар Борис Ејхенбаум, во есејот „Книжевниот лик на Максим Горки“, вака го коментира овој книжевен феномен: