Роб

The slave

Издавач: КСЦ/Полица
Жанр: роман
Број на страници:
Година на издание:

315МКД

Јаков е набожен Евреин, а Ванда е омилената ќерка на неговиот полски господар. Тие се вљубуваат, но во услови полоши и од оние на Шекспировите Ромео и Јулија во Верона. Бидејќи нивната љубов е невозможна, Јосиф е растргнат меѓу својата духовна набожност и својата опсесивна, физичката страст кон Ванда. Сингер толку интимно нè запознава со овие љубовници преку приказот на религијата, што го тера читателот нивните одлуки да ги доживува како свои. Едниот трпи, а и двајцата се борат бесмислено со своите опсесии, со суровите сили на семејството и феудалноста, и неизбежно е да ги губат своите набожни и земски страсти.

 

Приказната на Сингер истовремено е убава и вулгарна. Нејзината убавина доаѓа од чистината на локалните шуми, понизноста на Јосиф, како и верноста и длабоката љубов на протагонистите. Вулгарноста, пак, ја гледаме кај љубопитните селани и апсурдните предрасуди на земјопоседниците.

Оваа приказна е и фантастична. Прикажани се алузии на демони и духови преку живописни описи на звуци, однесувања, мириси и хистерии што нè тера да помислиме дека тие навистина се присутни во светот околу нас.