Ромео и Јулија; Хамлет; Бура

WILLIAM SHAKESPEARE - ROMEO AND JULIET; HAMLET; TEMPEST

Издавач: КСЦ
Број на страници:
Година на издание:

353МКД

Драмата „Хамлет“ е најпознатото, најпопуларното и најпрепознатливото остварување на Шекспир, трагедија која и од политички и од човечки аспект, многу длабоко навлегува во психологијата на поединецот, и неговото место во општеството.

„Бура“ спаѓа во жанрот елизабетански романси и во себе комбинира елементи на трагедија, на романтична комедија и поставува подлабоки прашања кои на крајот остануваат неразрешени. Најубавите места во драмата се согледуваат во поставеноста на стварното наспроти заумното и двојната природа на театарот како таков. „Бура“ е самосвесна претстава оркестрирана од Шекспировото подобие на мајсторот-магионичар Просперо, во која Шекспир всушност повторно го поставува она многу просто прашање: што е човекот?