Сеќавање на Вавилон

DAVID MALOUF - REMEMBERING BABYLON

Издавач: КСЦ
Жанр: роман
Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Со овој роман, Дејвид Малуф својствено ја активира темата за колонизацијата и доселувањата преку оригиналната творечка претстава за континуитетот на колективната и личната историја, надградена и дообјаснета со феномените на смислата за хибридниот идентитет. Интересно е што кај овој автор не се интензивира тензијата со која отсекогаш се придвижувала империјалната култура, но затоа, пак, творечки се сугерира да се активира процесот на постколонијалното преиспитување како постмодернистички пристап на современото гледање. Токму и со ваквите творечки вредности постигнати во романот „Сеќавање на Вавилон“, Дејвид Малуф стекна широка светска писателска слава и многу признанија, при што доживеа и преводни приопштувања во повеќе светски книжевни средини.