Смртта на Артур

Le morte d'Arthur

Број на страници: 813
Година на издание: 2014

353МКД

Романсата Смртта на Артур од Томас Малори (или според некои критичари, првиот роман на англиски јазик) ја прават книжевно дело со далекусежно и вонвременско влијание, дело кое веќе ги минало границите на својата епоха и со векови по ред непрекинато продолжува да ги фасцинира не само читателите, туку и љубителите на сите други уметности, почнувајќи од филмот, музиката, сликарството, итн. Што се однесува до литературата, веќе укажавме на влијанијата што ова дело ги извршило кај врвни книжевни еминенции во англофонската традиција од различни епохи, но притоа не смеат да се пренебрегнат и големиот број екранизации (целовечерни филмови, ТВ филмови, серии, цртани филмови, анимирани филмови, итн.) на различни наративи присутни во ова дело уште од скромните почетоци на оваа уметност, па сè до денес. Што се однесува до сликарството, сцените од ова дело се присутни на бројни фризови, бакрорези, платна од помалку или повеќе познати сликари кои припаѓаат на различни епохи и правци (тие се особена инспирација на групата авангардни сликари познати под името „Предрафаелити“ во Англија од средината на деветнаесеттиот век), а во класичната музика тие се инспиративна основа за познатите опери „Тристан и Изолда“ и „Парсифал“ на Рихард Вагнер, на пример. Затоа може да се заклучи дека легендите собрани во делото Смртта на Артур на сер Томас Малори со воодушевување се прифаќале од читателската публика во различни времиња и различни простори, притоа активно учествувајќи во моделирањето на уметничките вкусови во рамките на европската книжевна и културна традиција, но и пошироко, бидејќи тие во себе содржат магија што може да кореспондира со секое време и со секоја култура базирана врз општочовечки вредности и суштини.