Страдањата на младиот Вертер ; Поезија : (избор)

Die Leiden des jungen Werthers

Број на страници:
Година на издание:

248МКД

Исклучителен поет, драматичар и романсиер, активен општественик, промислувач на животните и книжевните феномени, љубопитник и проучувач на природата, Гете е препознаен како вистински мудрец кој оставил длабоки траги и неизбришлив печат не само во својата земја и во своето време, туку и во севкупната културна историја и меморија на човештвото. Ова е мошне прецизно и сугестивно искажано во есејот на Томас Стернс Елиот, „Гете како мудрец“. Таму Елиот пишува: „Ако зборот ’мудрец‘ го употребиме со сето внимание и скрупулозност кои тој ги заслужува, тогаш имаме на ум едно од најретките достигања на човечкиот дух. Поетската инспирација воопшто не е честа појава, но вистинскиот мудрец е поредок од вистинскиот поет; а кога во еден човек ќе се најдат овие две дарби, мудроста и поетскиот говор, сме добиле голем поет. Поетите од овој вид не му припаѓаат само на својот народ, туку на целиот свет; единствено на поетите од овој вид првенствено можеме да мислиме како на големи европски поети, а не како на поети ограничени на својот сопствен јазик и сопствената нација“.