Уште музика и муабети

Уште музика и муабети

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание: 2018

500МКД

Книгата се состои од интервјуа во кои е опфатен широк опсег на теми што се однесуваат на повеќе аспекти од занимавањето со музика, почнувајќи од инспирацијата, оригиналноста, искуствата, начинот на работење па сè до илустрации, дизајн, книги. Исто така, интервјуата ги испитуваат амбициите и достигнувањата на самите музичари. Бидејќи станува збор за претставници на различни музички жанрови кои уживаат голем углед и популарност, а разговорите со нив ги надминуваат дневните теми и опфаќаат суштински аспекти на музиката, уметноста и создавањето воопшто.

Ненад Георгиевски е дипломиран професор по англиски јазик, преведувач, новинар, организатор на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ и страстен колекционер на книги и на музика. Тој е долгогодишен соработник на порталот за џез-музика „All About Jazz“ (www.allaboutjazz.com) во САД, а од 2011 година, како хонорарен соработник, објавува интервјуа и текстови во повеќе македонски весници, списанија и веб-страници. Книгата Уште музика и муабети е негова втора книга, која е резултат на долгогодишно слушање со „уши широко отворени“ и на средби со неверојатни луѓе.