Јустина или незгодите на доблеста

MARQUIS DE SADE - JUSTINE OU LES INFORTUNES DA LA VERTU

Издавач: КСЦ
Жанр: роман
Број на страници:
Година на издание:

353МКД

Во случајот со маркизот Де Сад е мошне тешко да се раздели животот од делото, па критиката навистина наидува на тешкотоии кога сака да го определи вистинското место на овој писател во литературата. Мошне указателен е, во таа смисла, исказот на еден француски критичар кој изјавува дека можеби Де Сад не е чудовиште, но неговото дело е секако чудовишно.

Како и да е, и покрај очигледните слабости во изборот на рабните етички теми, покрај неуверливоста на ставовите што ги застапува во однос на крупни етички прашања, покрај евидентните слабости во поглед на романескната структура, покрај наивностите и редица други книжевни неотпорности, „чудовишното“ дело на Де Сад пројавува очигледна отпорност на корозија, пред сè поради смелоста во литературата да започне дискусија за хипокризијата во општеството, за двојниот морал, за ослободувањето на личноста од патријархалните и религиозни стеги.