Алгоритмеа : евлогија за дигиталните богови/ Аполон СМ-165.ехе

Алгоритмеа : евлогија за дигиталните богови/ Аполон СМ-165.ехе

Автор: Стефан Марковски

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Поезија
Број на страници: 88
Година на издание: 2022

200,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака
Сигурно сакате да дознаете како изгледа првата поема напишана од компјутерска програма, базирана врз стилот на Стефан Марковски!
Фактот дека Марковски го фингира „фактот“ од корицата на книгата, ја прави „Алгоритмеа“ постмодернистичка игра со технолошко-дигиталната реалност на духот, во која поетот и поезијата трагаат по својата смисла.
Или, како што вели Евтим Клетников во поговорот кон делото: „Поемата на Марковски е навистина извонредно податлива за филозофски спекулации за судбината на човекот во денешната екстратехнолошка ера и царство на дигиталните богови. Факт што ја имплицира истовремено и темата за улогата и судбината и на поетот и поезијата во тоа време“.
Поемата „напишана“ од програмскиот јазик Аполон СМ-165.ехе, со илустрации од Вангел Срнаков.