Идентитетот е приказна

Идентитетот е приказна

Автор: Иван Антоновски

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: есеј
Број на страници: 180
Година на издание: 2022

350,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Еве, конечно, едно не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика. Имено, таа методолошка „десетка во целта“ лежи во сфаќањето на Иван Антоновски дека „есејот на Горан Стефановски може да биде метажанр“ во однос на неговите пиеси. Кај големите автори, впрочем, есејот е секогаш метажанр на нивната уметност: доволно е да се сетиме на Милан Кундера и на неговата есеистика, но и на неговите есеистички фрактали инкорпорирани во неговите романи. Кај Горан Стефановски е исто: сите негови драми се, всушност, есеи за идентитетот (прекодирани генолошки во драмска форма), што значи – приказни што инвестираат во идентитетските темели на македонската култура. Еднакво, и есеите му се драматизирани размисли над идентитетот и над драмскиот чин воопшто. Иван Антоновски беспрекорно ја покажува таа семио-осмоза меѓу драмите и есеите на Стефановски. Неговата студија е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски.

                                                                       

Венко Андоновски