Ладнокрвно убиство : вистинска приказна за повеќекратно убиство и неговите последици

In cold blood

Автор: Труман Капоти

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 331
Година на издание: 2013

250,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Ладнокрвно убиство е култен роман во американската и светската книжевност. Тој е предвесник на популарниот жанр криминалистички роман заснован врз вистински случки од реалноста. Романот ги опишува настаните поврзани со убиството на четири члена од богатото фармерско семејство Клатер во Канзас, опфаќајќи го периодот од денот на нивното убиство, до чинот на погубувањето на двајцата убијци. Романот покренува многу прашања за злосторството и казната, за американското општество, за судскиот систем, за смртната казна воопшто, за сексуалноста, судбината и отуѓеноста. Книгата може да се чита како факт, како фикција, како сурова критика на реалноста, или пак едноставно како примерок на вешта уметничка проза. Во романот Капоти успева да проникне длабоко во човечката психа и да ни ги објасни механизмите на функционирање дури и на луѓето најмногу неразбрани од општеството.